Илјадници земјоделци на протест со трактори
27 ноември 2019Реклама
Тие го блокираа главниот град за да стават до знаење дека со постојаното заострување на прописите за заштита на животната средина и заштита на инсектите и на водата се загрозува нивната егзистенција. Фармерите бараат да бидат повеќе вклучени при носењето на нова регулатива и сакаат да се цени повеќе она што го работат. На илјадниците лути земјоделци надлежната министерка Јулија Клекнер им вети помош за прилагодување на промените и повика на дијалог.