„Запрашување“ на училиштата против Ковид-19
25 август 2021Пред почетокот на учебната година, во Кина се преземаат превентивни мерки за спречување на инфекции со коронавирус и во училиштата, на пример се врши дезинфекција на сите простории каде ќе престојуваат учениците, не само училишните згради туку и училишните дворови. Оваа фотографија е направена во градот Божоу, во источната кинеска провинција Анхуеј.
Еден месец откако Кина беше соочена со посериозно избивање на инфекции со коронавирус по една година, здравствените власти во Пекинг неделава соопштија дека нема регистрирано локално пренесување на заразата, туку само 21 случај на патници од странство. Пред еден месец во околу 50 кинески градови беа инфицирани преку илјада лица со лесно преносливата Делта варијанта на коронавирусот. Официјално образложение на властите е дека заразата се проширила од руски авион слетан во кинеската деветмилионска метропола Нанчинг.
Кина спроведува ригорозна нулта политика кон Делта сојот, која опфаќа полициски час, следење на контактите на инфицираните, масовни тестови на цели градови, карантин и прекин на транспортните врски. Оној кој сака да влезе во земјата, мора три недели да помине во специјални објекти за карантин, без разлика дали е вакциниран или има негативен тест. Во Кина во 2019 година беа откриени првите инфекции со Ковид-19 во светот.