1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

ЕУ се прогласи за „ЛГБТ слободна зона“

ЖА /ДВ
12 март 2021

Како реакција на полската политика на дискриминација на луѓето со поинаква сексуална ориентација, Европскиот парламент упати јасен сигнал за поддршка на личните слободи.

https://p.dw.com/p/3qWN7
Belgien EU Hauptquatier mit Regebagenflagge
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Dabkowski

Со мнозинство од 492 гласови „за“ наспроти 141 „против“, европратениците во Брисел ја прифатија резолуцијата со која ЕУ се прогласува за „слободна зона за ЛГБТ-лицата“.

Конзервативно католичката Полска е постојана мета на критики поради дискриминација насексуалните малцинства, од 2019 досега преку 100 полски општини се прогласени за „ЛГБТ ослободени зони“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по гласањето на Твитер напиша: Да се биде свој, не е никаква идеологија, тоа е прашање на идентитет. Тоа никој не смее да ви го одземе.“

За разлика од ставот на мнозинството европратеници од сите политички табори, полскиот пратеник од владејачката полска партија Право и правда (ПиС) Ружард Легутко одлуката на ЕП ја нарече „апсурдна“, а за ЕП изјави дека е „голема идеолошка машина“, дека семејната политика е надлежност на националните држави и полските општини имаат полно право да ги бранат традиционалните семејства од „индоктринирање“ со џендер-теории.

Полски општини се прогласуваат за ЛГБТ-слободни зони