Конфликти
Фотографија на денот: Ерменците ги палат куќите
17 ноември 2020Реклама
Тие ги напуштаат своите домови со она што им е најважно. Многумина од нив ја имаат загубено надежта дека ќе се вратат брзо, па ги палат своите куќи пред доаѓањето на азарбејџанските војници. На #ФотографијаНаДенот човек стои пред својот запален дом во селото Черектар.
Договорот помеѓу Ерменија и Азарбејџан, постигнат со посредство на Русија, предвидува враќање на големи делови од Нагорно Карабах, кои досега беа под контрола на Ерменија, на Азарбејџан. Опозицијата во Еревен договорот го смета за пораз на Ерменија.