1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ден без смртен случај од Ковид-19 во Велика Британија

ЖА
2 јуни 2021

Првпат по околу една година во Велика Британија во понеделникот во период од 24 часа никој не починал поради инфекција со коронавирус.

https://p.dw.com/p/3uJsg
Großbritannien Coronavirus l Lockerungen in London, Hackney Wick
Фотографија: Daniel Leal-Olivas/AFP

Властите во Велика Британија, првпат по јули 2020 година, во понеделникот не регистрирале смртен случај од Ковид-19 во изминатите 24 часа. Здравствените власти на земјата, која во Европа беше најтешко погодена од пандемијата на коронавирус вчера регистрирале 3165 нови инфекции. Бројот на новозаразени во последните денови повторно бележи пораст и се движи константно околу 3000 лица, а причина е растечкото ширење на вирусната варијанта Делта, која првпат се појави во Индија.

Ваквиот развој ја става под прашалник намерата на британскиот премиер Борис Џонсон од 21 јуни во земјата да ги укине и последните корона-рестрикции. Досега во Велика Британија се регистрирани 4,49 милиони случаи на Ковид-19. Земјата бележи највисока стапка на смртност од вирусот во Европа. Според најновите статистики, од почетокот на пандемијата во Велика Британија починале 127.782 лица во рок од 28 дена откако биле позитивни на тест за коронавирус.