1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Две децении Охридски рамковен договор

СН/агенции
13 август 2021

Потпишувањето на Договорот на денешен ден пред точно 20 години значеше директен прекин на огнот во вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година.

https://p.dw.com/p/3yvwn
Friedensabkommen für Mazedonien unterzeichnet
Фотографија: Vlatko Perkovski/dpaweb/dpa/picture-alliance

Договорот беше парафиран на 10 август во Охрид, а официјално потпишан на 13 август 2001 година од тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и тогашните партиски лидери: на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, на ПДП Имер Имери, на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери, а во присуство на олеснувачите од ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. 

Потпишувањето на Договорот денеска ќе биде свечено одбележано со низа настани под слоганот „По Охрид“. 

Во изминатите  денови во рамки на одбележувањето се одржаа повеќе панел дискусии, а оригинална копија од Договорот беше доставена во Државниот архив.

Повеќе:

-Пендаровски: Правата на Албанците не беа на штета на Македонците

-Прославата за Рамковниот договор за влакно ќе ги избегне рестрикциите

-Фетишот наречен Охридски рамковен договор

Во основните принципи на документот потпишан во претседателската резиденција на Водно во Скопје се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците“.