Фотографија на денот: Горчлива победа
25 септември 2017Реклама
Победниците не изгледаат многу радосно и победнички? Унијата (ЦДУ/ЦСУ) на чело со Ангела Меркел освои најголем број гласови на парламентарните избори во Германија, 33 проценти, но претрпе и загуби, а коалицискиот покер при составувањето нова влада ќе биде тежок. СПД откажа „љубов“, останува опцијата Јамајка коалиција, со Зелените и ФДП. На канцеларката Меркел ѝ претстојат напорни денови.