1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голиот каубоец без публика

СН/агенции
25 мај 2020

Прочуениот плоштад Тајмс Сквер во Њујорк деновиве е главно морничаво празен поради пандемијата на коронавирусот. Но, тој и натаму е тука секој ден- голиот каубоец со гитара.

https://p.dw.com/p/3ciAZ
BdTD Manhattan New York City The Naked Cowboy ohne Publikum
Фотографија: Reuters/A. Kelly

Уличниот музичар Џон Бурк свири на Менхетен уште од 1998 година. Последниве два месеца, во кои градот беше американски епицентар на корона-кризата, оваа њујоршка жива легенда остана без својата публика. Иако градот бележи значителен напредок во борбата против коронавирусот со се помалку случаи на заразени и на починати, сепак рестриктивните мерки остануваат и натаму во сила.