1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Вратоломен последен тест за Пекинг

СН/дв
24 јануари 2022

На 4 февруари започнуваат Зимските Олимписки Игри во Пекинг. Во кинескиот главен град, спортистите ќе се натпреваруваат за 109 златни медали во 15 зимски спортски дисциплини. Меѓу нив е и ски-крос.

https://p.dw.com/p/45zJj
BdTD Schweden | Ski Cross
Фотографија: Daniel Goetzhaber/GEPA pictures/imago images

Тие се тркаат паралелно по стрмната и нерамна ски-крос патека во Идре Фјал во Шведска. Станува збор за последен олимписки тест на скијачите во слободен стил: Тристан Такач од Австрија, Швеѓанецот Виктор Андерсон и Французинот Франсоа Плејс. Ски-крос патеката долга 1,2 километри има три тесни свиоци и бројни стрмни спили. Но, трките се решаваат на Драгон Бек, озлогласениот финален дел на патеката - меѓу другото и со скокови кои го одземаат здивот.