Фудбал
Безграничната радост на Лука Модриќ
2 јули 2018Реклама
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација за малку можеше да биде трагична фигура на осминафиналниот меч со Данска. Данскиот голман Каспер Шмајхел успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Лука Модриќ во второто продолжение. Модриќ имаше храброст вторпат да се соочи со Шпајхел во пенал серијата и да постигне гол. Хрватска по победата преку пенал-рулетот од 3:2 се пласира меѓу најдобрите осум екипи на Светското првенство во Русија. Следен противник на „коцкестите“ ќе биде домаќинот Русија. #ФотографијаНаДенот: Лука Модриќ ја слави победата во Нижни Новгород во прегратка со Дејан Ловрен.