Фудбал
11 натпревари, 11 победи
24 август 2020Реклама
Без ниту еден пораз, па дури и нерешен резултат, фудбалерите На Бајерн од Минхен промаршираа низ досега најдолгата и поради пандемијата на коронавирусот во многу аспекти најневообичаената сезона на Лигата на шампионите,
Бајерн оствари единаесет победи во вкупно 11 натпревари, кои ги одигра во Лигата на шампионите. На ниту еден тим претходно не му успеало тоа. Ретко кога, титулата во најпрестижното клупско натпреварување била толку заслужена како оваа сезона. Пред сè, тоа беше триумф на тимскиот дух во Бајерн Минхен, дури и ако Кингзли Коман со единствениот гол и извонредниот голман Мануел Нојер ги поставија главните акценти во финалето против ПСЖ.