1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: Фон Дер Лајен сигурна дека Македонија ќе добие покана

БГ
11 јули 2018

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен на маргините на самитот на НАТО во Брисел изјави дека е сигурна оти Македонија ќе добие покана за членство.

https://p.dw.com/p/31GLm
Belgien NATO-Treffen | deutsche Verteidigungsministerin Ursula von der Leyen
Фотографија: picture-alliance/abaca/D. Aydemir

Силна поддршка од Германија за Македонија да добие покана за членство во НАТО, изрази германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен во изјава за МИА.

„Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели и сигурна сум дека тоа ќе биде резултатот на Самитот", рече Фон Дер Лајен. Германската министерка најави дека во септември ќе ја посети Македонија, најверојатно во поддршка на референдумот кој се очекува да се одржи тогаш.

„Стискам палци референдумот да помине добро. За нас е многу важно нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО", изјави Фон Дер Лајен за МИА.

Повеќе: Шекеринска: Го поправаме пропуштеното во 2008

Урсула фон дер Лајен сѐ почесто се споменува во германските медиуми како иден генерален секретар на НАТО и наследник на актуелниот - Јенс Столтенберг. Мандатот на Столтенберг завршува во 2020 година, и проценките се дека Фон Дер Лајен има големи шанси да застане на чело на највисоката цивилна функција во воената алијанса, пред сѐ поради нејзините добри врски во САД.