Финска и Шведска во НАТО уште ова лето?
11 април 2022Весникот „Тајмс", повикувајќи се на информации од американски дипломат, известува дека членство на двете скандинавски земји било тема на повеќе разговори меѓу министрите за надворешни работи на НАТО во изминатите недели. На разговорите учествувале и претставници на Финска и на Шведска. Русија со инвазијата врз Украина направи „масивна стратешка грешка", се истакнува натаму.
Финскиот претседател Нинисто во петокот изјави дека очекува во неговата земја да постои парламентарно мнозинство за скоро зачленување во Северноатлантската алијанса.
На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека загриженоста, Русија да го искористи времето меѓу аплицирањето и конечниот прием за напад врз двете земји, не е никаков аргумент против приклучување.
Во Финска, како и во Шведска, според анкетите на јавното мислење, расте процентот на граѓанте кои се за членство во НАТО. Додека секој трет Финец во јануари на пример бил за влез во Алијансата, на почетокот на март за првпат повеќе од половината анкетирани се за оваа опција.