1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче не планира да поднесе оставка од морални причини

ДТЗ
9 септември 2021

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментов не планира да поднесе оставка од морални причини, туку ќе почека да заврши истрагата.

https://p.dw.com/p/408FF
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментов не планира да поднесе оставка од морални причини, туку ќе почека да заврши истрагата за да се лоцира одговорноста за трагедијата во која загинаа 14 лица. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. На нив ќе им бидат извршени ДНК анализи, со цел да се потврди нивниот идентитет. 

„Не бегам од одговорност, но ќе ги почекам резултатите од истрагата, којашто ќе биде помогната и странски експерти за да видиме каде ќе се лоцира одговорноста“, изјави Филипче на прес-конференција во врска со пожарот којшто ја зафати модуларната болница во Тетово

Nordmazedonien Brand in einem Krankenhaus in der Stadt Tetovo
Починатите се на возраст од 29 до 79 години. На нив ќе им бидат извршени ДНК анализи, со цел да се потврди нивниот идентитет. Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Министерот пред новинарите рече дека е тешко да го опише чувството коешто го има од синоќа по несреќата, тежината и болката која што ја носи. Изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, Филипче беше дециден дека од одговорност никој нема да биде изземен, доколку истрагата тоа го утврди. 

Филипче информираше дека во ковид центарот биле хоспитализирани 26 пациенти, двајца лекари и 4 медицински сестри. „12 пациенти во моментов се во стабилна здравствена состојба. Нема повредени ниту починати од медицинскиот персонал. Телата на 14 пациенти се предадени на судска медицина“, рече Филипче. Тој уверуваше дека модуларните болници во земјата се безбедни и според сите стандарди. 

Ковид-центарот во Тетово по катастрофалниот пожар

„Она што тука го имам со мене е целата документација за набавка и поставување за модуларните болници, и сето тоа е со запазени строги стандарди и постапки и вакви проекти поддржани од Светска Банка. Истрагата треба да утвди дали по предавањето во употреба истиот бил квалитетно употребуван“, рече Филипче, кој истакна дека целата документација ќе биде доставена до надлежните. 

Најголем интерес во јавноста предизвика информацијата дека покрај пациенти, во модуларната болница биле присутни и посетители и роднини на заболените, коишто исто така наводно настрадале. Министерот вели дека согласно ковид протоколите не е дозволена посета на пациентите во ковид-центрите, како и во другите инфективни одделенија. Тој вели дека санитарна и здравствена инспекција ќе ги утврдува сите околности и дали се прекршени здравствените протоколи во болницата во Тетово. 

Екипата на Дојче веле ја посети модуларната болница во Тетово на 2 септември. На видеото може да се види дека и тогаш во болницата биле присутни роднини на пациентите, но и многу непознати лица на кои надлежните во болницата им дозволувале непречен влез и излез од ковид-центарот. 
Филипче денеска рече дека ќе го почека крајот на истрагата па ќе одлучи дали ќе бара одговорност и од директорот на болницата. 
 

Борба за живот во тетовската болница