Граѓаните да бидат амбасадори на имунизацијата
22 мај 2021Имунизацијата во С. Македонија деновиве напредува со засилено темпо, па сепак министерот за здравство го искористи денешното видео обраќање за уште еднаш да апелира до граѓаните за помасовна имунизација.
„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата. По три силни брана вирусот конечно стивнува, сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината“, порача министерот.
Досега во земјата една доза на вакцината примиле околу 160 илјади граѓани, а 40.000 се целосно вакцинирани, што значи дека досега се дадени 240.000 дози на вакцини.
Пријавени сајтот www.vakicnacija.mk, а невакцинирани има 150.000 граѓани.
Повеќе:
-Филипче најавува свадби на отворено и ковид пропусници за патување
-Расте интересот за вакцинација, граѓаните масовно се пријавуваат и бараат термини
-Заев се вакцинираше: „Се чувствувам добро, ќе продолжам со работните обврски“
Филипче во денешното обраќање ги повика сите граѓани во што поголем број да се пријавуваат на сајтот и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.
„Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои се уште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“, порача Филипче.
Според него тоа е најдобриот начин за да се повратат пред-пандемиските слободи:
„Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци, вели Филипче.