ФБИ уапси хакери
20 јули 2011Реклама
Хакерскиот напад беше одмаздничка акција за откажувањето на соработката на „Пејпал“ со интернет платформата Викиликс, која објавуваше тајни документи на американската влада и армија минатиот ноември. ФБИ во врска со сајбер нападите, чии жртви покрај „Пејпал“ станаа и фирмите за кредитни карти Виза и Мастеркард, издаде 35 потерници. Вчера беа уапсени натамошни пет лица од Велика Британија и Холандија, кои се осомничени дека биле вклучени во хакерските напади.
Автор: ГЧ/ЖА/дв
Редактор:Трајче Тосев