1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште една титула на Ким Јонг Ун

СН/агенции
11 јануари 2021

Тој всушност сакаше да направи многу нешта поинаку. Сега, меѓутоа, владетелот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, со уште една титула, едноставно го имитира својот татко.

https://p.dw.com/p/3nlpM
Nordkorea Kim Jong Un
Фотографија: Korea News Service via AP/picture alliance

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е избран за генерален секретар на владеачката Работничка партија, чиј претседател е во последниве 5 години, јави државната новинска агенција КЦНА.

Според оценките на аналитичарите, новата титула , има за цел јакнење на авторитетот на Ким Јонг Ун. Ким беше избран за претседател на владеачката партија на нејзиниот претходен конгрес во 2016 година.

Годинава Конгресот на Корејската работничка партија, беше отворен во Пјонгјанг во вторникот, повторно воспостави секретаријат.

Nordkorea Kim Jong Un
Фотографија: Korea News Service via AP/picture alliance

Севернокорејскиот лидер денеска беше „едногласно“ избран за генерален секретар на партијата.

Повеќе:

-Ким Јонг Ун призна целосно потфрлање во економијата

-Ким Јо Јонг - малата сестра на диктаторот на пат до власт

-Ким Јонг Ун се појави во јавност

Ким до конгресот во 2016 година ја имаше титулата прв секретар. Неговите претходници ги задржаа своите постхумни титули - Ким Јонг Ил генерален секретар на партијата, а Ким Ил Сунг претседател на државата.

Ким всушност сакаше нов имиџ

Ким Јонг Ун беше избран за лидер на Работничката партија пред пет години. Во тоа време, младиот владетел се стремеше кон имиџ што се разликува од оној на неговиот татко добивајќи друга титула, вели истражувачот Ан Чан Ил од Светскиот институт за севернокорејски студии во Сеул.

Сега се чини дека тој сака да ја потенцира „врската со неговиот татко“ за да ја „консолидира својата позиција на моќ“ во тешки времиња, истакнува Ан Чан Ил.