1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Учење македонски преку интернет за Македонците од Грција

18 септември 2011

Интернет страницата „ Учи македонски онлајн“ од 17 октомври ќе почне со настава по македонски јазик за Македонците на училишна возраст кои живеат во Грција.

https://p.dw.com/p/12bV3
Фотографија: DW/Tropper

Учењето на македонскиот јазик е бесплатно. Потребно е само да се пополни формуларот за упис со личните податоци.. Потоа секој ученик ќе добие распоред со часови, професор, паралелка и термин за следење на наставата. Наставата ќе се изведува еднаш неделно во текот на учебната година во термини погодни за учениците и според официјалните наставни програми на Република Македонија. Секоја паралелка ќе има најмногу до 10 ученици.

Учењето на македонскиот јазик е поделено во три степени - почетен, среден и напреден, а секој степен содржи 35 часа. За учениците кои сакаат да имаат диплома за познавање на македонскиот јазик, „Учи македонски-онлајн“ ќе  им организира полагање испит пред комисија со претставници од надлежните научно образовни институции во Македонија.

Автор: ЖА/БГ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски