1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметност на подлошки за пиво

Џенифер Керкхоф/С.Недевски5 јануари 2013

Вообичаено пивските подлошки се подметнувачи за чаши со пијалоци. Ги има во рестораните, баровите, кафулињата. Но тие можат да бидат многу повеќе, на пример - платно за мали уметнички дела.

https://p.dw.com/p/16r4z

„Според мотивот одлучувам дали пивските подлошки ќе бидат правоаголни или тркалезни и потоа најчесто го отстранувам горниот слој“, вели уметникот Јохен Ренц.

Тогаш тој тргнува во потрага по теми кои го допираат, како судбината на атлетичарот Оскар Писториус, чии нозе се ампутирани.

„Повеќето пивски подлошки најчесто се поврзани со мене, тоа е еден вид дневник во форма на пивски подлошки, а инспирацијата понекогаш доаѓа сосем спонтано. Ќе видам некоја тема во весник, денеска е тоа господинот Писториус, учесникот на Параолимпијадата“.

Јохен Ренц се интересира пред се’ за вести и политика. Секој ден тој уметнички ги коментира светските случувања и онлајн поставува нова пивска подлошка. На крајот на годината ќе бидат 365 - комплетен дневник со пивски подлошки. Идејата за тоа му дошла во неговиот омилен локал, додека пиел кафе и ја чекал сметката. Сопственикот на барот, Неџмедин Абдули, раскажува:

Bierdeckel Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Тој доаѓаше со неговото семејство на јадење кај нас и започна да црта на нашите пивски подлошки, од ден на ден се’ подобро и се’ поубаво. И тогаш си помисливме - тоа е уметност, тоа веќе не е игра и сите наши гости доаѓаат и прашуваат што е тоа, кој го направил и како? Тоа е извонредно.“

Кафето за него е инспирација и боја истовремено. Јохен Ренц всушност прави анимирани филмови, и затоа знае толку добро да црта.

51-годишниот аниматор ги продава своите мали уметнички дела, но од сопствените сосема приватни дела на пивски подлошки не би се одделил никогаш.

„ Во март почина нашиот пес, Макс, и пивската подлошка за смртта на Макс не би ја продал никогаш“.

Пивските подлошки на Јохан Ренц не се само картон. Тие имаат многу да раскажат. А приказните можат да се видат, на пример, на неговата интернет страница.