1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

УЕФА забрани виножито-осветлување на стадионот во Минхен

ЖА / агенции
22 јуни 2021

Како гест на толеранција, но и сигнал против унгарскиот закон против ЛГБТИ-заедницата, Минхен планираше стадионот за време на натпреварот меѓу Германија и Унгарија во рамките на ЕУРО 2020 да го осветли во шарени бои

https://p.dw.com/p/3vJqm
Deutschland Alianz-Arena München Regenbogenfarben
Фотографија: Alexander Hassenstein/Getty Images

Европскиот фудбалски сојуз УЕФА својата одлука ја образложи со постоечкиот статут како „политички и религиозно неутрална организација“, како што стои во нејзиното денешно соопштение.

Со оглед на политичкиот контекст на барањето, доставено вчера од минхенскиот градоначалник Дитер Рајтер, УЕФА укажува на нужноста од негово одбивање.

Но, на Минхен му е понудено, стадионот да го осветли во боите на виножитото наместо за време на натпреварот на фудбалските репрезентации на Германија и Унгарија, или на 28 јуни, Кристофер стрит деј, или меѓу 3 и 9 јули. Во овој период во Минхен се одржува недела на КСД. Но, во ниеден од предложените термини во Минхен не се одигрува меч во рамките на Европското фудбалско првенство.

Согласно на одлуката на Градскиот совет, донесена натпартиски, минхенскиот градоначалник Дитер Рајтер од УЕФА и Германскиот фудбалски сојуз вчера побара дозвола Алианц арена за врема на натпреварот меѓу Германија и Унгарија да биде осветлена во шарени бои. На овој начин градот сакаше да даде очевиден сигнал против дискриминацијата на хомосексуалните и транссексуалните лица во Унгарија.

Унгарскиот парламент пред една недела, на 15 јуни, донесе закон со кој се забрануваат хомосексуални содржини во книги и филмови достапни до децата. Исто така и во рекламите не смеат да се прикажуваат хомосексуалции транссексуалци како дел од секојдневието. Во Будимпешта потив законот демонстрираа илјадници луѓе. 

Унгарскиот министер за надворешни работи гневно реагираше на предлогот за осветлување на стадионот во Минхен во бои на виножито. „Исклучително штетно и опасно е мешањето на спортот и политиката. Историското искуство покажува дека тоа е лоша работа, а првенствео Германците тоа треба добро да го знаат “, изјавил Петер Сијарто според наводите на новинската агенција МТИ.

Бидејќи Минхен не доби дозвола, други германски стадиони планираат давање сигнал на толеранција со осветлување во шарени бои. За време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Германија и Унгарија, во боите на виножито ќе светнат фудбалските стадиони во Франкфурт и во Келн.