1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиени американски лекари во Кабул

ЖА/дпа/афп/ртре24 април 2014

Нов терористички напад врз странци во Авганистан: полицаец во болница во Кабул уби тројца Американци. Министерството за внатрешни работи изрази жалење за инцидентот.

https://p.dw.com/p/1BntX
Фотографија: SHAH MARAI/AFP/Getty Images

Болницата на американската хуманитарна организација „Кјур“ е поддржувана од бројни, претежно христијански хуманитарни организации и се вбројува во водечките во земјата, а е отворена во 2005 година во западниот дел од Кабул. Болницата, во која се ангажирани 27 лекари и 64 медицински сестри, опслужува годишно околу 37 илјади пациенти.

Тројца американски граѓани се убиени изутрината од авганистански полицаец за време на пукотница во болница „Кјур“ во Кабул, соопшти американската амбасада во Авганистан.

Полицаецот, разлутен од мерките за безбедност во болницата, која е под управа на приватна американска организација, отворил оган кон странците, кои влегувале во болницата. Во нападот загинале тројца американски лекари, а ранета е една странска државјанка, која работела како медицински персонал. Напаѓачот исто така е ранет и тој е приведен.

Претходно, началникот на локалната полиција Хафиз Кан соопшти дека чувар во болницата „Кјур“ во западниот дел на Кабул ненадејно отворил оган и убил тројца странци, а уште едно лице е потешко повредено.

Според него, напаѓачот бил припадник на Заштитните сили на авганистанската полиција, распореден да ја одржува безбедноста во болницата.

Минатите денови се зголеми бројот на терористички напади врз странци во Авганистан.