Турската полиција уапси членови на Алсар ел Ислам
3 мај 2004Сеуште не е јасно дали турската полиција откри голем канал или само така се претставува – за да ја нагласи својата будност, кратко пред две големи меѓународни збиднувања. За осум денови започнува Евровизија во Истанбул, а на крајот на јуни исто така во Истанбул ќе се сретнат шефовите на држави и влади на самит на НАТО. Присутни ќе бидат речиси сите лидери на западниот свет, меѓу нив и американскиот претседател Џорџ Буш.
Спроред агенцијата Анадолу уапсени се 25 лица, 16 во Бурса и девет во Истанбул. Официјалната изјава пак на единицата за анти терор на турската полиција е: во Бурса, уапсени се 16 лица. Се смета дека припаѓаат на исламистичката група Ансар ел Ислам, блиска на Ал Каеда. Групата планирала бомбашки атентат на самитот на НАТО на крајот на јуни. Нејзин водач е Алпаслан Топрак, и другите уапсени имаат турски имиња. Полицијата во акцијата конфискувала бомби, пиштоли како и ЦД –еа со инструкции од водачот на Ал Каеда Осама бин Ладен.
Во истрагата инвестиравме цела година, вели гувернерот на Бурса. Групата не само што планирала бомбашки напад на самитот на НАТО туку и кражби на банки. Сите уапсени имале фалсификувани лични документи; сите повеќепати биле во странство.
Ансар ел Ислам важи за исламистичка терористичка група, која оперира од курдскиот северен Ирак. САД смета дека токму оваа група е одговорна за голем број напади против американските војници во Ирак.
Според турските медиуми, подготовки за напад за време на самитот на НАТО се подговтуваат и во лево екстремистичките кругови. Во некои европски земји полицијата на почетокот на април уапси повеќе од 60 лица, рациите беа насочени кон турската лево екстремистичка група ДХКПЦ, турската полиција притоа соработуваше со безбедносните сили на Белгија, Холандија, Италија и Германија.