1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Триумф на Азербејџан на Евровизија

15 мај 2011

По возбудливото гласање во преполната сала во Диселдорф и милиони телевизиски гледачи ширум светот, Ел и Ники му ја донесоа првата победа на Азербејџан со песната „Running Scared“.

https://p.dw.com/p/11GJk
Ел и НикиФотографија: dapd

На 56 издание на Изборот за песна на Евровизија, Ел и Ники освоија вкупно 221 поени со песната „Running Scared“, надминувајќи ги Рафаел Гуалаци од Италија и Ерик Саде од Шведска.

Нигар Јамал и Елдар Гасимов се целосните имиња на овогодишните победници, кои до финалето на Евровизија стигнаа преку серија од кастинзи во Азербејџан, кои почнаа во ноември минатата година. Тие се надеваат дека со нивната песна и организацијата на Евровизија во Баку, ќе придонесат во приближувањето на Европа. „Никогаш не мислевме на освојувањето места на Евровизија. Едноставно со месеци многу се трудевме и бевме многу задоволни од она што го правиме“, изјавија тие на прес-конференцијата по победата.

Deutschland Musik ESC 2011 Eurovision Song Contest Finale Aserbaidschan Ell/Nikki gewonnen
Фотографија: dapd

Инаку, голем дел од тимот што стои зад „Running Scared“, всушност, доаѓа од Шведска. Ел и Ники сепак ветија дека идната година во Азербејџан европската публика ќе може да слушне потрадиционални звуци.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска