1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трети во Европа

СН/жа/макфакс4 мај 2014

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција Вардар стигна со најголемиот успех во клупската историја откако во Будимпешта победи во натпреварот за третото место во Лигата на шампиони

https://p.dw.com/p/1Btdn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ракометарките на ЖРК Вардар го освоија третото место на „Фајнал Фоур“ турнирот, откако во ‘малото финале’ го совладаа Митјиланд со 34:31.

Вардарки од првата до последната минута ја имаа контролата врз играта и пред сѐ врз резултатот и на крајот заслужено стигнаа до победата и до

најголемиот успех во клупската историја. „Разочарани сме што вчера загубивме, но успеавме да преживеевме кренавме глави и успеавме да победиме. За вака млад тим третото место ова е голем резултат. Пред крајот на кариерата сум сакав да ја освојам Лигата на шампиони, но и третото место е добар резултат“, изјави , по натпреварот Јулија Николиќ, за македонската телевизија Алфа

Радичевиќ и Николиќ со по шест, односно Лекиќ со пет голови го предводеа Вардар до победата, додека кај Митјиланд се истакна Грот со 11 голови.