1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Третата вечер без поголеми инциденти, денеска нови протести

СН/вв15 април 2016

Илјадници граѓани побараа оставка од претседателот Иванов на третиот ден од протестите против неговата одлука за аболиција, кои минаа релативно мирно.

https://p.dw.com/p/1IWFr
Mazedonien Anti-Regierungsproteste in Skopje
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

На третата вечер од протестите предизвикани од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите, 82 граѓански организации побараа одложување на изборите од 5 јуни на неопределено време, ангажирање на техничка влада што ќе спроведе реформи за да се создадат услови за фер и демократски избори, како и одвојување на државата од партиите, слободни медиуми и обвинение за секој што сторил криминал.

Протестите, за разлика од претходната вечер, завршија без поголеми инциденти меѓу демонстрантите и полицијата. Погледнете го веб-видеото од вчерашните протести на незадоволните граѓани во Скопје:

Трета вечер протести во Скопје