1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трамп со идеја: средство за дезинфекција против коронавирус

ЖА / агенции
24 април 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабри научниците да проверат дали во борба против коронавирусот ќе помогне на луѓето директно да им се вбризгува средство за дезинфекција. Според лекарите – ова е смртно опасно

https://p.dw.com/p/3bLk4
USA | Donald Trump | Coronavirus Briefing
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Brandon

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа пред новинарите во Белата куќа изјави дека „би било интересно“ да се провери ваквата идеја - на луѓе директно да им се даваат инјекции со дезинфекциско средство заради уништување на опасниот вирус. Непосредно пред пресот на Трамп, еден владин експерт на конференција за медиумите објасни дека средства за дезинфекција брзо го уништуваат коронавирусотна пример на суви метални површини и на рачките на вратите.

„Постои ли некој начин да правиме такво нешто, преку инјекции или чистење... би било интересно тоа да се провери“, рече Трамп, со дополнување дека тоа сепак треба да им се препушти на лекарите, иако: „За мене тоа сепак звучи интересно“.

Според експертите, сапун, средствата за дезинфекција и за обелување предизвикуваат сигурно уништување на вирусот при надворешна примена, односно при миење раце и перење. Но, досега не постојат никакви проверено ефикасни медикаментиили техники кои можат да го уништат коронавирусот во инфицирани пациенти.