1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ги прави Германците нервозни

Хајнер Кисел
20 јануари 2017

Ниту една инаугурација на американски претседател досега не предизвикала толкав сомнеж во Германија. Политичарите и граѓаните го делат истото чувство. Само бизнисмените гледаат шанса.

https://p.dw.com/p/2W7V2
USA Vorbereitungen für die Amtseinführung Donald Trump in Washington
Фотографија: Getty Images/M. Wilson

Неверувањето за изборот на претседател во Америка сѐ уште се чувствува во Германија. Многу луѓе чувствуваат дека ова е само лош сон, но наместо будење во ладна пот, тие ќе бидат сведоци на инаугурацијата на Доналд Трамп. „Доколку се кандидираше за мандат во Германија, немаше да стане претседател“, вели истражувачот Михаел Кунерт, претседател на Германскиот институт за истражување Инфратест Димап. Неговото истражување покажува дека довербата на Германија во САД драстично се намалила. На прашањето „Дали САД е доверлив партнер?“, секој втор Германец одговорил - да, но по изборите, на истото прашање, само еден од пет Германци одговориле потврдно.

Trump-Bild der Deutschen Katharina N.
Катерина стравува од зголемен популизам во владеењето на ТрампФотографија: DW/H. Kiesel

Гласот на народот ја покажува иритацијата кон 45-от претседател на САД. „Доналд Трамп ме загрижува", вели Катарина, случаен минувач во административниот дел на Берлин. Таа верува дека тој е опасен не само затоа што демонстрира како една личност може да се искачи на позиција на моќ со помош на лажни вести, туку и поради тоа што другите популистички политичари можат да бидат инспирирани од неговиот успех.

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва, а луѓето реагираат на тоа реагираат на исклучително нерационалин начин. „Длабоко во себе се надевам дека во последен момент добра вила ќе дојде и ужасниот фантом ќе замине“, вели Мерион Руснер која работи како акушер во Берлин.

Курд Весер од западно германскиот град Лимбург ан дер Лан исто така е загрижен за политичките последици, особено за меѓународната соработка во конфликтни ситуации и за иднината на НАТО. „Тоа што го кажа тој досега не беше многу уверувачко, треба да почекаме и да видиме што ќе се случи“, препорачува тој.

Trump-Bild der Deutschen Kurt Weser
Курд Весер е загрижен за меѓународната соработкаФотографија: DW/H. Kiesel

Иако не е лесно да се најдат спротивни гледишта, сепак тие постојат. Сузан Валтер гледа на Трамп како на подобриот избор. „Со Хилари Клинтон ќе се случеше трета светска војна“, вели таа за на односите меѓу САД и Русија. Таа исто така смета дека е добро што Трамп остро ја осудил Ангела Меркел и ја нарекол нејзината политика за бегалците „катастрофална грешка“.

Скептични политичари

Политичарите не можат да направат ништо освен да чекаат Трамп да ја заземе канцеларијата во Белата Куќа и од позади сцената да видат што всушност ја чека земјата и меѓународната заедница.

Интервјуто објавено во германскиот таблоид „Билд“ пред неколку дена ја засили таквата импресија. Не беа поставени дополнителни критички прашања, а одговорите беа тешки за толкување. „Нема знаци кои укажуваат дека ќе биде добро“, вели разочараниот портпарол за одбраната на германската Социјалдемократска партија (СПД), Рајнер Арнолд.

Deutschland Roderich Kiesewetter zu Besuch bei The Morning Show
Кисеветер е убеден дека европските демократски принципи ќе надвладеатФотографија: DW

Родерих Кизеветер од ЦДУ, член на Комитетот за надворешни работи има сличен став. „Ние Европејците можеме да му одолееме со многу позитивни работи“, вели Кизеветер, потенцирајќи на принципите на демократијата, политиката и слободата во кои германските граѓани и нивните соседни веруваат. Од друга страна, неговиот колега од Левицата, Јан ван Акен нема никакви илузии. „Ќе биде ужасна прогресија од Џорџ В. Буш во надворешната политика".

Само десничарската, популистичка партија Алтернатива за Германија (АФД) е навистина задоволна од идниот претседател на САД, Доналд Трамп. Така се чувствува партиското раководство, но всушност, меѓу гласачите на АФД преовладува скептицизам , судејќи според податоците од анкетата спроведена од институтот за истражување Форца.

Оптимизам кај бизнисмените

„Политиката и бизнисот го поврзуваат Трамп со потенцијален ризик, но во економијата, има тендеција кон менувањето на мандатарот да се гледа со позитивен дух", вели Ренате Кухер, директорка на истражувачкиот институт Алензбах.

Половина од политичките чинители веруваат дека Трамп ќе биде одговорен за уништувањето на односите со САД, но само 41% од бизнисмените веруваат во истото. Иако Трамп се противи на слободната трговија и се закани со зголемување на царините, 64% од анкетираните бизнисмени гледаат можност за нивните компании.