1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Традиционална“ првомајска тепачка со полицијата

С. Бојиќ/бг1 мај 2016

Одбележувањето на Први мај во Берлин и Хамбург одамна не се одвива мирно- левичарите и анархистите на тој ден обично предизвикуваат судири со полицијата. Традицијата влече корени од бојкотот на пописот во 1987 година.

https://p.dw.com/p/1Ig1C
Фотографија: Getty Images

Германската полиција долго се подготвува за првомајските нереди. На меѓународниот Ден на трудот (1. Мај) левичарските автономни движења традиционално организираат демонстрации во големите германски градови. На тие демонстрации редовно доаѓа до судири со полицијата, а често се демолираат и фасади и автомобили.
Традицијата на првомајските нереди влече потекло од случувањата во Берлин во 1987 година. Левичарската сцена во таа година му пружаше голем отпор на пописот на населението и водеше кампања за бојкот на пописот. Критичарите на пописот стравуваа дека податоците добиени од него власта ќе ги користи за спроведување политика на разградување на социјалната држава, а не со цел за „обезбедување пензии“ и „создавање работни места“ како што тврдеше владата.

1. Mai Demonstration in Hamburg
Традицијата на првомајските нереди влече потекло од случувањата во Берлин во 1987 година.Фотографија: Getty Images

Различни фази

На први мај 1987 година, полицијата во раните утрински часови упадна во седиштето на „Бојкотот на пописот на населението“ во берлинската населба Кројцберг и изврши претрес. Првомајската работничка поворка се движеше мирно низ градот, но поради споменатиот претрес почна да расте гневот. Во текот на попладнето, првите каменици погодија еден полициски автомобил. Почнаа судири кои се развија во вистинска битка меѓу полицијата која користеше солзавец и водени топови, како и автономашите кои фрлаа молотови коктели.

Linke Politgewalttäter 1. Mai Demonstration in Hamburg
Во текот на 1990-те години, се јавуваа и бројни судири меѓу различните групации во рамките на левичарско-анархистичкото движењеФотографија: picture-alliance/dpa

Судирите завршија ноќта кон 2 мај кога полицијата конечно ги разби демонстрантите. Но, тие станаа традиција која во следните години се манифестираше на сличен начин. Во текот на 1990-те години, се јавуваа и бројни судири меѓу различните групации во рамките на левичарско-анархистичкото движење, а во текот на 2000-те, полицијата воведе концепт на организирање улично првомајско славје за сите граѓани, кое во првата деценија од новиот милениум ја отапе оштрицата на анархистичките протести.

Натпревар меѓу Хамбург и Берлин

Но, во последните години, бројот на учесници на револуционерните првомајски демонстрации на левичарите во Берлин постојано се зголемува. Па така во 2014 година на нив учествуваа повеќе од 20 илјади луѓе. Од 1998 година во главниот град на први мај се собираат и десничарските екстремисти кои провоцираат судир со левичарите. Целата оваа историја на првомајски нереди со мали разлики се одвива и во Хамбург, а со помали одеци и во други градови.


Полицијата процени дека годинешниот Први мај во Берлин и Хамбург ќе биде многу немирен. За акција се подготвени единиците на интервентната полиција, а поддршка ќе им пружат и колеги од други сојузни покраини. Минатата година припадниците на левичарско-анархистичката сцена не ги повикаа демонстрантите од цела Германија да им се приклучат во Берлин и Хамбург- но годинава го сторија тоа. Се очекуваат поворки од најмалку 20 илјади луѓе.

Krawall 1. Mai Berlin Deutschland
Полицијата процени дека годинешниот Први мај во Берлин и Хамбург ќе биде многу немирен.Фотографија: picture-alliance/dpa