Трагедијата во Ласкарци на пат кон судска разврска
14 март 2019Обвинителот Сашо Рајчев денеска на пресконференцијата во Скопје истакна дека досега е утврдено дека главни причини за автобуската несреќа кај селото Ласкарци биле големата брзина и неисправните соприрачки, кои биле евидентирани при техничката контрола, но не и поправени.
Според обвинителството, вештачењето покажало дека возачот возел со брзина од 99 километри на час, а била дозволени 80 километри на час, и оти го имал активирано уредот за манипулација на тахографот за да не се покаже вистинската брзина. Поради недозволената брзина и неисправните кочници автобусот преминал на другата лента од автопатот ја пробил оградата о на крајот паднал на стариот пат кој минува паралелно со автопатот, истакна Рајчев и додаде оти е утврдено дека возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.
Повеќе:
-Македонија тагува за 14 загубени животи
-Автобуси на смртта демнат зад секој агол
-Тешка сообраќајна несреќа однесе во смрт 13 луѓе
Покрај сопственикот на компанијата за автобуски превоз од Гостивар, Дурмуш Белули и возачот на автобусот кој се преврте на 13 февруари, приведени се и управникот на фирмата и четири работници задолжени за техничкиот преглед, кои бил извршен во сервис во Гостивар, чиј сопственик исто така е Белули.
Техничка контрола на автобусот била извршена во јули и во декември минатата година, но и покрај тоа што се утврдени недостатоци на кочниците издаден е документ за техничка исправност на автобусот, соопшто обвинителството сополнувајќи дека бил инсталиран и „уред за манипулирање на брзината“. Скопското обвинителство за шест од седумте приведени, меѓу нив и сопственикот на Дурмо турс, побара притвор. Тие се сомничат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Несреќата се случи на 13 февруари кога полниот автобус на Дурмо турс се преврте кај Ласкарци и во неа загинаа 15 луѓе а 39 беа повредени.