ТПП продолжува и без Американците
11 ноември 2017Државите кои се дел од договорот за слободна трговија ТПП сметаат дека треба да се одржи „духот на договорот“ и продолжуваат и покрај повлекувањето на САД, потврди виетнамскиот министер за трговија Тран Туан Ан на маргините на Азиско-пацифичкиот самит (АПЕК) во Виетнам. Меѓутоа, на земјите од ТПП треба да им се овозможи изоставување на одредени клаузули од договорот. Според предлог-изјавата која ја подготвија преостанатите земји од ТПП, неопходни се натамошни преговори. Од канадската делегација се вели дека е потребно да се заврши уште многу работа.
Дел од ТПП остануваат Австралија, Чиле, Брунеи, Јапонија, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам. Тие се за продолжување на Транспацифичкото партнерство кое, меѓу другото, предвидува укинување на царините на земјоделските и индустриските производи.
Договорот, по долгогодишни преговори, беше потпишан лани од страна на 12 држави, кои заедно имаат удел од 40% во светското економско постигнување.
Американскиот претседател Доналд Трамп, непосредно по стапувањето на функцијата во јануари годинава, најави повлекување на САД од проектот. На самитот на АПЕК Трамп рече дека тој е за билатерални, а не за мултилатерални договори, кои според него, се на штета на САД и ги загрозуваат работните места во земјата.