1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Тилерсон: Разговори со Северна Кореја без предуслови

ЖА / агенции
13 декември 2017

Американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон пружи рака кон Пјонгјанг, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пак опстојува на намерата - од својата земја сака да направи „најголема атомска сила“ во светот.

https://p.dw.com/p/2pFkz
Washington Atlantic Council  Rex Tillerson
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

САД, како што изјави американскиот министер за надворешни работи, Рекс Тилерсон, не поставуваат никакви предуслови за евентуални разговори со Северна Кореја. „Подготвени сме за прва средба, нема предуслови“, изјави Тилерсон на тематска дискусија за атомскиот конфликт со Северна Кореја во Вашингтон. Досега американските претставници инистираа Пјонгјанг да се откаже од програмата за атомско оружје како прв предуслов за седнување на преговарачка маса.

Тилерсон во својот говор меѓутоа демонстрираше и закани кон комунистичката држава: САД ќе ги задржат економските и дипломатските санкции против Северна Кореја „додека не падне првата бомба“. Вашингтон едноставно „не може да прифати нуклеарно вооружена Северна Кореја“, предупреди тој. Американскиот претседател Доналд Трамп, истакна Тилерсон, сака да биде сигурен дека Пјонгјанг не поседува нуклеарно оружје кое може да достигне до територијата на САД.

Bildergalerie Jahresrückblick 2017 International
Ким Јонг Ун со големи атомски амбицииФотографија: Reuters/KCNA

Севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун во меѓувреме демонстрираше решеност да продолжи со атомско вооружување.  Негова цел е земјата да ја претвори во „најголемата атомска сила во светот“, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА. Во говорот пред соработниците во балистичката ракетна програма Ким рекол дека неговата земја ќе продолжи по победоносниот пат и ќе стане „најјака атомска и воена сила во светот“.

Тензиите на релација Вашингтон - Пјонгјанг во изминатите месеци бележат засилен интензитет.  Трамп и Ким разменија агресивни вербални напади,  а Северна Кореја, наспроти бројните санкции од ОН, продолжува со атомски и ракетни проби. На почетокот на септември Пјонггјанг, според сопствени наводи, го изведе својот шести и досега најголем атомски тест, а во повеќе наврати тестираше и ракети со среден дострел. На крајот на ноември Пјонгјанг истрела интерконтинентална ракета од типот Хвасонг-15, соопштувајќи дека севернокорејските проектили можат да достигнат до секоја точка на копнената територија на САД.