1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лекување во скривници во Киев

БГ
1 март 2022

Тешко болни деца и нивните мајки и натаму добиваат третман во подрумот на детската болница во Киев. Во очајни услови, хирурзите оперираат и малолетни деца повредени од шрапнели и куршуми.

https://p.dw.com/p/47qIh

Лекување во скривници во Киев

Над 500.000 илјади Украинци, претежно жени и деца, досега успеаја да побегнат од руската воена агресија врз Украина во соседните земји. Но голем е бројот на оние кои останаа. Не затоа што сакаа, туку затоа што немаа друг избор. Евентуалната евакуација ќе беше дополнителен ризик за и онака кревкото здравје на овие деца. Таков е случајот со тешко болните деца во детската болница Охмадит во Киев. 

Ukraine Kiew | Kranke Kinder und Neugeborene im Keller eines Kinderkrankenhauses
Деца и новороденчиња во подрумот на болницата во КиевФотографија: Emilio Morenatti/AP/picture alliance

Поради постојаното руско бомбардирање на градот децата, заедно со нивните мајки, сега се принудени да добиваат третман во болничкиот подрум. 

Хирурзите таму оперираат и деца повредени во руските напади.