Тешки зборови - популистичка позадина!?
29 април 2014Поранешниот италијански премиер, осуден за затајување данок Силвио Берлускони, според италијанските медиуми, од денеска требаше да почне да ја издржува својата казна, со работа во еден центар за сениори. Но, оттаму велат дека Берлускони најрано в петок се очекува да започне со работа. Тој претходно најави. „Ќе правам сѐ, за што ќе ме замолат“. Кај неговите можни активности, немало да има граница.
За Берлускони нема граници ниту на изборните настапи пред приврзаниците на неговата партија Форца Италија, изминатиот викенд во Милано. Иако во моментов не смее да преземе политички функции, бидејќи е осуден, тој и натаму се меша во италијанската политика. Во неговиот говор за европските избори тој прво говореше против кандидатот за претседател на Комисијата на ЕУ од редовите на социјалдемократите Мартин Шулц, а потоа ги нападна и неговите германски сограѓани: Германците никогаш не го признале постоењето на национал-социјалистичките концентрациони логори.
Берлускони рече дека во 2003 година недоброволно правел реклама за политичарот од СПД: Тогаш во Европскиот парламент тој се погрижи за скандал, кога во еден говор пред пратениците рече дека Шулц бил идеален актер за улога на стражар во концентрационен логор во еден филм. Сега повторно се наврати на овој инцидент. „Не сакав да го навредам, но, мој Боже, за Германците никогаш не постоеа концентрационите логори“, го цитираше новинската агенција „Анса“ Берлускони.
Социјалдемократите потоа побараа да реагира германската канцеларка Ангела Меркел. Молчењето на шефицата на ЦДУ како и на нејзиниот колега од ЦСУ Хорс Зеехофер било скандалозно рече генералната секретарка на СПД Јасмин Фахими. „Изјавите на Силвио Берлускони се одбивни, скандалозни и целосно неприфатливи“. Непристојноста не само што му штети на угледот на Италија, туку ја загрозувало и политичката култура и вредностите на Европа.
Партијата Форца Италија на Берлускони во Европскиот парламент спаѓа во истата пратеничка група како и Христијанско-демокртаскта унија на канцеларката Меркел. Двете се Европски народни партии. Кандидатот- предводник на изборната кампања на Европските народи партии, поранешниот премиер на Лукасембург Жан Клод Јункер е вчудовиден од настапот на Берлускони. „Последните забелешки од господин Берлускони ме згрозија“, рече Јункер во Брисел. Берлускони треба да ги повлече изјавите и да им се извини на преживеаните од Холокаустот и на Германците.
Роман Марун, политиколог и соработник на Гете институтот во Палермо од своја страна ги критикува конзервативците: „Европските народни партии ќе направеа добро, ако најдоцна пред десет години беа исклучени од ова политичко семејство Форца Италија и Берлускони“. Наместо тоа порадо се користеле гласовите на пратениците на Форца Италија, за да се зајакнела сопствената пратеничка група во Брисел.
Слично се произнесе и Андреа Таркини, дописник од Берлин на италијанскиот дневен весник „Ла Република“. Европските народни партии не си направиле услуга со тоа што ја прифатиле Форца Италија. Конечно таа не е традиционална христијанско-демократска партија.
Изборна кампања на популистите
За европските избори на 25. мај Форца Италија води изборна кампања со плакати со слоганот "Più Italia, meno Germania" (Повеќе Италија, помалку Германија). „Италијанците за жал развија став - можеби за да се утешат себе си - дека Германија е одговорна за сите невољи на Италија. Наредно популистите на Италија ќе ја обвинат Германија и за наредниот масакар на мафијата“, вели Таркини со ироничен тон.
„Со анти-германски позиции во Италија добро се напредува“, смета и Роман Мурун. „С'ржта на сето е дека популистите во изборната кампања сметаат дека германската влада во Берлин е одговорна, поради тоа што кризата толку тешко ја погоди Европа“, вели политкологот. „Можеби во тоа има и малку вистина, но во ваквата скусена форма тоа се разбира воопшто не е легитимно“.
Муран меѓутоа не смета дека во Италија има општо анти-германско расположение: „Тоа не е основното расположение на италијанскиот народ, за тоа воопшто нема знаци. Тоа се популистите, кои се обидуваат со тоа политички да преживеат“.