1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешка мисија - Меркел кај Ердоган

Ж.А/дпа23 мај 2016

Средбата меѓу канцеларката Меркел со турскиот претседател Ердоган може да биде деликатна. Меркел инсистира на одржување на договорот за бегалците, но сака и да критикува - тешка шпага.

https://p.dw.com/p/1IsjY
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска (23.05.2016) во Истанбул разговараше со бројни шефови на држави или влади околу подобра координација на меѓународната хуманитарна помош. Средбата на првиот Самит на ОН посветен на итната меѓународна хуманитаrна помош во турската метропола се одржа зад затворени врати. На почетокот се појавија иритации околу текот на Самитот. Организаторот ден претходно го откажа планираниот официјален поздравен говор на генeралниот секретар на ОН Бан Ки Мун и поздравното обраќање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како што се дознава од дипломатски извори.

По пристигнувањето на шефовите на држави или влади е планирана официјална манифестација, на која ќе учествуваат и Меркел и Ердоган. Посебно внимание предизвикува средбата попладне меѓу германската канцеларка и турскиот претседател на маргините на Самитот. Меркел ќе се обиде да најде излез од спорот околу Договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција. Освен тоа, таа планира да ја отвори и темата за укинување на имунитетот на бројни пратеници во турскиот парламент, со што се отвора патот за нивно кривично гонење. Пред патувањето во Турција, Меркел изрази загриженост поради развојот на настаните во Турција. Ердоган засилено врши подготовки за воведување претседателски систем во земјата.

Кратко по пристигнувањето во Истанбул, Меркел синоќа невообичаено долго разговараше со претставници на цивилното турско општество околу ситуацијата во земјата.