Терор во Европа
23 мај 2017Април 2017, Стокхолм
Во шопинг улицата во главниот град на Шведска напаѓач со украден камион удри најнапред во толпа луѓе, а потоа и во трговски центар. Пет лица го загубија животот, а 15 се повредени. Уште истиот ден, полицијата уапси 39-годишен Узбекистанец под сомнение за тероризам.
Март 2017, Лондон
Напаѓач со автомобил намерно заврте на пешачка зона на мост во центарот на Лондон, по што избоде еден полицаец. Четири лица им подлегнаа на повредите. Британските безбедносни сили го убија сторителот.
Февруари/март 2017, Париз
На францускиот аеродром Орли човек се обидува да го одземе оружјето од рацете на војник во патрола. Потоа е убиен. На почетокот на февруари, Египќанец кој со мачета нападна полициска патрола, е усмртен во близина на музејот Лувр.
Декември 2016, Берлин
Главниот град на Германија кусо пред Божиќ стана цел на терористички напад. Член на терористичката милиција Исламска држава (ИД) уби 12 лица удирајќи со украден камион среде божикен пазар. Неколку дена потоа, 24-годишниот Тунежанец е убиен во близината на Милано при полициска контрола.
Јули 2016, Ница
Атентатор со камион влета во насобраните луѓе на шеталиштето во францускиот пристанишен град. Загинаа најмалку 86 лица. По нападот ИД преку своја објава на страницата „Амак“ ја презеде одговорноста за ова злосторство
Март 2016, Брисел
Исламистички атентатори со повеќе бомби усмртија 32 лица на меѓународниот аеродром и во метро станица во белгискиот главен град.
Јануари 2016, Истанбул
Напаѓач самоубиец од ИД уби 12 лица во историскиот центар на турската метропола, разнесувајќи се со бомба среде туристичка група.
Ноември 2015, Париз
Во координирана серија напади во главниот град на Франција, членови на ИД во повеќе ресторани и во клубот „Батаклан“ убија 130 лица, а стотици беа ранети.
Февруари 2015, Копенхаген
Во главниот град на Данска 22-годишно момче со арапско потекло пука во едно кафуле. Еден човек е убиен. Атентаторот го уби чуварот на синагогата, по што е смртно застрелан во полициска потера.
Јануари 2015, Париз
При нападот на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ и на еден кошер супермаркет загинаа 17 лица. Двајцата напаѓачи се убиени во полициска акција. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација Ал Каеда.
Мај 2014, Брисел
Француски исламист уби 4 лица во Еврејскиот музеј. Кусо потоа е уапсен. Како самонаречен „божји борец“ пред нападот се борел во Сирија.
Јули 2005, Лондон
Четворица муслимани со британски пасош со експлозивни направи во метро станица убија 56 лица, а 700 беа повредени.
Март 2004, Мадрид
Во патнички регионален воз во шпанскиот главен град во исламистички мотивиран бомбашки напад се убиени 191 лице, а 1500 се ранети.