Со смартфон-термометар против Ковид-19
Вграден инфрацрвен сензор ја мери телесната температура на корисникот со допирање на главата Смартфонот се произведува во Уганда, прв од ваков вид во Африка. На одделението за маркетинг не му е тешко да го продаде телефонот.
„За нас во прв ред беше важно едно нешто: Како можеме да им помогнеме на светот, на Африка и на Уганда во борбата против Ковид-19?, вели Дејвид Окваре, генерален директор на Сими Уганда.
Смартфонот не е вистински светски новитет. Слични телефони веќе се произведени, на пример од кинеската компанија Хуавеи.
И Сими Мобиле во Уганда е исто така во кинески раце. Можеби тоа е една од причините зошто телефонот чини само 100 долари во Африка.
Тоа е многу помалку од вообичаениот пиштол за мерење на температурата на челото кој користи слична технологија на инфрацрвени сензори. Таков уред чини од 250 долари па нагоре во Уганда. А моделот Г507 наСими Мобиле е термометар со кој исто така можете да телефонирате.