1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тежок корупциски скандал во Советот на Европа?

СН/ агенции
23 април 2018

Обвинувањата се тешки: пратеници на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, меѓу нив и германски политичари, наводно добивале поткуп од Азербејџан- големи суми пари, но и кавијар, скапи рачни часовници и ќилими.

https://p.dw.com/p/2wU8a
Frankreich Europarat in Straßburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

Постои силно сомневање дека повеќе некогашни и актуелни членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое всушност би требало да се  бори против корупцијата, примале поткуп во облик на пари и подароци, за да лобираат во полза на Азербејџан.

Тоа е наведено во извештајот од 200 страници, кој е претставен во Стразбур, во седиштето на Советот на Европа, и кој беше составен од тројца независни експерти: двајца поранешни судии на Европскиот суд за човекови права, Николас Браца и Елизабет Фура, и Жан-Луј Бругије, еден од најпознатите истражни судии во Франција.

Во извештајот тешко се товари поранешниот пратеник во германскиот Бундестаг Едуард Линтнер од редовите на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), кој од 1999 до 2010 година беше член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Линтнер бил „клучен лобист“ на Азербејџан. Меѓу 2012 и 2014 година тој наводно од Баку, преку три фиктивни фирми со седиште во Велика Британија, примил вкупно речиси 820 илјади евра.

Тој на медиумите им изјави дека тие пари ги добил од невладината организација Асоцијација за развој на цивилното општество во Азербејџан.

Eduard Lintner CSU
Едуард ЛинтнерФотографија: Imago/S. Spiegl

Впечатлива поддршка

Во фокусот на истражителите е и пратеничката на Бундестагот, Карин Штренц од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за која се претпоставува дека исто така по заобиколен пат добивала пари од земјата на Каспиското Море. Таа се товари дека го прекршила кодексот на однесување со тоа што го премолчела судирот на интереси пред да учествува во нављудувачката мисија на изборите во Азербејџан. 

Штренц работела за консултантската фирма на Линтнер „Лајн М-Трејд“, која за пари лобирала за Азербејџан. Додека била во Стразбур, оваа политичарка која во меѓувреме истапи од Парламентарното собрание на СЕ, впечатливо се залагала за Азербејџан.

Авторите на извештајот во Стразбур изјавија дека и покрај бројните повици, Линтнер и Штренц одбиле лично да се изјаснат за обвиненијата на нивна сметка.

Молчи и италијанскиот демохристијан Лука Волонте- исто така клучна фигура во аферата. Јавното обвинителство во Милано на крајот од 2016 година покрена истрага против Волонте врз основа на обвинувањата за корупција и перење пари, преку кои на виделина излезе целиот скандал во СЕ. Станува збор за поткуп од Азербејџан во износ од речиси 2,4 милиони евра. Тие пари до Волонте стигнале по истиот пат како и митото за Линтнер.

Цел на истрагата е и поранешниот претседател на Парламентарното собрание на СЕ, Педро Аграмунт. Постојат силни сомневања дека и тој бил вклучен во корупциски активности.

Karin Strenz CDU
Карин ШтренцФотографија: picture alliance/dpa-Zentralbild/J. Büttner

Кавијар дипломатија

Според истражителите, од влегувањето во Советот на Европа во 2001 година, поранешната советска република, богата со нафта, создала вистинска мрежа симпатизери- меѓу останатото благодарение на широкоградите подароци. Се говори за кавијар, скапи часовници и ќилими, но и престој во луксузни хотели. На тој начин автократски управуваниот Азербејџан успеа да ги спречи критичките извештаи за изборите или за состојбата на човековите права.

Во Советот на Европа има вкупно 47 земји, вклучително и сите земји од ЕУ, како и Русија и Турција Парламентарното собрание на СЕ се состанува неколку пати годишно и меѓу другото има право да испраќа набљудувачки мисии на избори во земјите-членки.