1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајните сметки на бугарските русофили

Георги Папакочев/превод:БГ16 октомври 2015

Зошто Бугарската социјалистичка партија и новопечените бугарски русофили искажуваат симпатии кон режимот на Асад? И што ќе се случи доколку руската воена интервенција во Сирија пропадне?

https://p.dw.com/p/1Gnd3
Фотографија: BGNES

Военото вмешување на Русија во сирискиот конфликт повторно ја возбуди бугарската левица. Откако партијата „Атака“ во парламентот поднесе барање Бугарија да се приклучи кон коалицијата на Путин против „Исламската држава“, партиите од левиот сектор потскокнаа како потпалени. Парламентарните претставници на левицата беа погодени од мислата дека не тие, туку некој друг, се претставува како глас на Кремљ во Бугарија. Затоа и експресно во парламентот поднесоа барање за укинување на санкциите против Русија. Иако БСП, Патриотскиот фронт, Атака и АБВ не успеаја да ја реализираат идејата, поразот со само пет гласови разлика покажува каков е русофилскиот потенцијал во актуелниот бугарски парламент.

Бугарскиот флерт со Дамаск

Дополнително, постокомунистичката бугарска левица со тешкотии ја прикрива и срамежливата слабост кон сирискиот диктатор Асад. Во тој контекст треба да се споменат посетата на делегацијата предводена од Страхил Ангелов на Дамаск во 2014 година кога тој се уште беше пратеник на БСП. Иако партиското раководство се дистанцираше од посетата, во исто време со посетата се појавија и информации дека Бугарија тајно му доставува оружје на Дамаск, и тоа преку Русија.
Поранешниот амбасадор на Бугарија во Москва и политички аналитичар Илијан Василев вели дека заедничкиот именител кој го определува однесувањето на посткомунистите кон актуелните случувања во Сирија и Украина е нивниот некогашен „анти-империјалистички“, а денес „антиамерикански“ генотип.
„По промените во 1989 година комунистичката номенклатура си ги презема позициите во политиката и единствено беше принудена да го прифати отворениот пазар. Но таа не ја промени својата идејна и вредносна база. Затоа, секогаш кога ќе созрее можноста да „врати“ за стратешката загуба од 1989 година и да и го истрие носот на другата страна на општеството која ги симпатизира ЕУ и НАТО, таа не ја пропушта можноста за реванш“, објаснува Василев.

Demo Sofia Bulgarien Prorussisch
Анти-НАТО протести во Софија (архива)Фотографија: BGNES

Маша на Путин

Според Василев, Москва на бугарската посткомунистичка левица гледа како на дел од својата сфера на влијание, која може да биде мобилизирана за заштита на „социјалистот“ Асад. „Путин го поддржува Асад само до степенот до кој тој може да му послужи за да го принуди Западот да преговара за една „нова Јалта“ и за нови сфери на влијание за Русија, и да го признае за рамноправен глобален лидер“, вели Василев.
„Основните трендови кај бугарската левица не се емитуваат самостојно, туку тие светат од одразот на светлината од Кремљ“, заклучува бугарскиот аналитичар и дипломат. Тој предвидува дека неуспехот на руската политика во Сирија ќе означи и колапс на политичкото влијание на левицата во Бугарија на подолг рок.