1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците забранија протести во Авганистан

Сузане Ајкенфондер
9 септември 2021

Првото официјално соопштение на новото авганистанско Министерство за внатрешни работи донесе забрана за протести без дозвола. Талибанците забранија и известување за демонстрации.

https://p.dw.com/p/407Nd
Afghanistan Kabul | Demonstration gegen Pakistan
Талибански борец им се заканува со оружје на демонтранти во Кабул (7.09.2021)Фотографија: REUTERS

Милитантно-исламистичките талибанци забранија секакви протести во Авганистан на неодредено време. Во првото официјално соопштение на Министерството за внатрешни работи во Кабул има и закана со строги казни доколку забраната не се почитува. Новите властодршци својата одлука ја образлагаат со тоа дека демонстрациите во текот на изминатите денови го попречувале јавниот ред и мир и ги вознемирувале луѓето.

Илјадници Авганистанци во Кабул и повеќе провинции излегоа на демонстрации за права на жените, против влијание на Пакистан во земјата и се заложија за слобода на улиците.

Талибанските борци применуваа насилство против демонстрантите. Новинари беа тепани, а дел од репортерите и уапсени. Најголемите локални ТВ-станици вчера го запреа известувањето за протестите во Кабул, велат жители во регионот.

Afghanistan Kabul | Demonstration gegen Pakistan
Жените до вчера протестираа и ја повикуваа меѓународната заедница напомошФотографија: Hoshang Hashimi / AFP/Getty Images

Жените веќе не добиваат плата

Многу се скратени и правата на жените. За да не одат на работа, едноставно не им се дава плата, тврдат погодени лица. Исто така, како што се вели, жените веќе не смеат да ја напуштаат куќата без придружба на машко лице.

„Се откажав од работа, затоа што веќе нема плата. Нема воопшто никаква плата“, вели Латифа Алисада, која пред преземањето на власта од страна на талибанците работела како медицинска сестра во болница во Кабул. „Секојдневно стигнуваат информации за назадување во делот на правата на жените“, изјави Алисон Давидијан од ОН, која во Кабул се залага за права на жените.

Повеќе:

Талибанците се опиени од моќта

„Страдањата во Авганистан ќе се влошат“

Талибанците слават, САД се повлекоа од Авганистан

200 странци смеат да го напуштат Авганистан

Во меѓувреме, исламистите, како што наведе американски претставник, ветиле дека ќе дозволат 200 Американци и западни цивили да го напуштат Авганистан. Авион на Катар Ервејс би требало да ги изнесе од земјата, тврди преговарач на Катар. По завршувањето на меѓународниот воздушен мост во Кабул, на крајот на август, стотици граѓани од Запад и илјадници Авганистанци не успеаја да ја напуштат земјата.