Судење на атентаторот од Хале: раните се сѐ уште свежи
20 јули 2020Листопадните дрва на улицата Хумболд во Хале се бујно раззеленети. Оваа улица денес е речиси без луѓе, сосем спротивно од мојата посета на 10 октомври 2019 година. Тогаш се собираше огромна тивка маса луѓе, еден ден откако 27 годишен маж стрелаше кон дрвената порта на синагогата. Единствено што ме потестува на ужасната атмосфера на овој ден е полициското возило кое речиси незабележливо стои на следниот агол, како и десетиците дупки од куршуми кои сѐ уште се гледаат околу бравата на портата од синагогата.
Портата издржа, две лица загинаа
Издржливоста на портата веројатно спаси педесеттина лица кои беа собрани за празникот Јом Кипур во синагогата. Каква сурова иронија: мета на десниот ектремист Стефан Б беа малцинства – тој го нападна еврејскиот храм и еден турски ресторан за брза храна – а двете лица коишто ги застрела со нефункционалниот пиштол беа Германци. 40 годишната Јана Л, поминувала покрај синагогата. Кевин С, 20 годишен градежен работник кој бил на пауза на ручек, беше убиен во турската сендвичара неколку улици подолу.
Меѓу стотиците собрани луѓе кои следниот ден се собраа во улицата Хумболд, беа локални жители, репортери и неколку политичари, под полициска заштита. Шокот од злосторот и тивкиот очај лебдеа во воздухот. Новинарите, меѓу кои бев и јас изгледаа збунето. Известување за последиците од ваков ужасен настан се најтешкиот дел од работата. Што да кажеме? Што да ги прашаме луѓето? Она што тие го чуствуваат е толку очигледно, што сите прашања се изгледаат излиќшни и наметливи.
Преселба по погромот
Осум месеци потоа, повторно е многу тивко во улицата Хумболт. Синагогата и гробиштата покрај неа се зад еден висок бетонски ѕид и може да се видат само од тротоарот спротива. Речиси на 500 метри оттука е турската сендвичара. Во внатрешноста, еден ѕид е украсен со малечки фигури на ангелчиња, под нив има цвеќиња и дресови со потписи на фудбалери од локалниот клуб. Под тоа рачно напишани пораки за фудбалскиот фан Кевин С. кој почина таму.
Повеќе:
-Хале и теоријата на „волк самотник“
-Уапсен атентаторот од Хале, избегнат голем масакр
-Двојно убиство во Хале, пукотници во Ландсберг
Многу луѓе во Хале сѐ уште не можат да прифатат што се случи овде. Еден човек кој тогаш излезе на улица во знак на почит кон жртвите ми рече деке е уште потажно тоа што сега синагогата е опколена со ѕид.
Но, она што ја чини ситуацијата уште потажна, а што не го знаев во тоа време е тоа дека синагогата првично не била наменета да биде место за богослужба. Во 1984 година е отворена како Тахара куќа – еден вид капела за погреби. Откако главната синагога во стариот дел на Хале била запалена во ноември 1938 година за време на наци-погромот, еврејската заедница се сели во ова поодалечено и наводно побезбедно место.
Реални закани
Сега малата еврејска заедница реши уште повеќе да ја сокрие од јавноста синагогата. На репортерите и телевизиските тимови им е забранет пристап во зградата. Макс Привороцки, претседател на еврејската заедница кој е роден во Киев, дава интервјуа само во неговата канцеларија која се наоѓа на другиот дел од градот. Тој ми објаснува дека преку автоматски систем полицијата веднаш се информира доколку има промена во секојдневието на оваа заедница. Властите знаат дури и ако некој наставник го откажал часот. За поединостите на овој систем тој порадо не сака да зборува.
Привороцки е благодарен дека полицијата се грижи за тоа. Но, тој исто така констатира: ваквите мерки требаше да се воведат и порано. По нападот многумина се прашуваа зошто на празникот Јом Кипур немаше ниту еден полицаец пред синагогата како што е тоа вообичаено во големите германски градови како Берлин или Келн.
Растечката закана од антисемитизмот за неколкуте стотици Евреи кои живеат во Хале беше очигледна уште пред нападот. И сега? „Тоа што го гледам е квалитативна разлика од антисемитистичките случаи. Тоа нема никава врска со самиот напад,“ вели Привороцки за ДВ. „Да се покажеш како антисемитист и во изминатите години на многу луѓе воопшто не им беше срамно”.
Што сега?
Во Хале - како и во Кемниц и Ханау и сите други градови кои во минатото биле мета на десноекстремистички напади, лебди прашањето за последиците.
Торстен Ханел добро ја познава десноекстремистичката сцена во Хале, повеќе од три децении се борел против неа. Основачот на иницијативата против расизам „Заедно” набљудувал како се развивала сцената. Во 90тите години ја имало субкултурата на скинхедс и неонацисти, насилството на улица, па дури и убиства ретко кога привлекуваа внимание на медиумите. „Сега настапите на десни и десноекстремистички кругови во јавноста повеќе или помалку се толерираат, од АфД до наводно поединечни насилни дела. Според податоци на Службата за заштита на уставниот поредок во Саксонија Анхалт има околу 1.230 активни десноекстремисти.
Разбиени надежи
И покрај почетното потресување и солидарноста, луѓето во Хале повторно се вратиле на уморно толерирање на десноекстремните. Неделните, често експлицитни антисемитски демонстрации и натаму ги има. Мали се, но и тие се составен дел од градската слика. Ретко кој се вознемирува, со исклучок на неколкумина активисти на Антифа. „Во деновите потоа мислев навистина дека можеби расположението ќе нѐ држи правопропорционално со лудилото”, вели Ханел. „Нова форма на организацијата, повеќе луѓе на нашите активности, повеќе луѓе за поддршка”. Надежта се разбила. „Не се работи за обвинување”, брзо додава Ханел кој е родум од Хале. „Таква е перцепцијата.”