1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Студена војна“ во вселената: НАСА се дистанцира од Русите

ЖА/дпа/афп3 април 2014

Американската вселенска агенција НАСА ја прекина соработката со Русија, но делумно. Од прекинот е изземен делот кој се однесува на заедничката работа околу Меѓународната вселенска станица.

https://p.dw.com/p/1BbN1
Фотографија: Nasa/dpa

Соработниците на НАСА, Националната управа на САД за аеронаутика и вселенски истражувања веќе нема да можат да патуваат во Русија, а се прекинува и гостувањето на Руси во САД поврзано со вселенската соработка. НАСА наредила да бидат замрзнати сите контакти по електронска пошта или видео конференциска врска.

„Откако Русија го наруши суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, американската Влада одлучи сите контакти меѓу НАСА и руската Влада да бидат прекинати до следна наредба“, со исклучок на конкретно посочени случаи, гласи текстот кој го цитираат медиумите.

Мерката не се однесува на дејноста на Меѓународната вселенска станица, како и на мултилатерални средби надвор од Русија, на кои присуствуваат руски претставници, се наведува во документот.

Од последниот лет на Спејс Шатл во летото 2011 година, САД при летовите со вселенски бродови со човечки екипаж кон Меѓународната вселенска станица се зависни од руските ракети Сојуз. НАСА за еден лет им плаќа на Русите околу 70 милиони долари. Новата американска вселенска капсула Орион ќе биде подготвена за летови во свелената дури по извесно време, првиот тест-лет е предвиден за вториот дел од оваа година.