Невакцинираните во Германија се соочуваат со „локдаун“
2 декември 2021Освен ограничувањето на движењето на невакцинираните, германскиот парламент ќе одлучува и за воведување задолжителна вакцинација за сите, со цел да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19.
Меркел ги најави мерките по состанокот со сојузните и покраинските лидери, откако и во четвртокот бројот на новозаразени во последните 24 часа надмина 70.000 луѓе. Меркел рече дека ваквите чекори се неопходни за да се заштитат болниците од преполнување со пациенти.
„Ситуацијата во земја е сериозна“, рече Меркел посочувајќи дека овие мерки се „акт на национална солидарност“.
Договорена се обврски за носење заштитна маска на национално ниво, нови ограничувања на приватни средби и поставена е цел од нови 30 милиони вакцинирања до крајот на годината. Притоа, ќе им биде дозволено и на стоматолозите и фармаколозите да вакцинираат.
- Вакцинацијата останува доброволна, но Меркел со апел до граѓаните: Вакцинирајте се
Досега во Германија целосно се вакцинирани 68.7% од граѓаните, што е далеку од поставениот владин минимум од 75%.
И Австрија, која неодамна воведе уште построги мерки за невакцинираните, планира да воведе задолжителна вакцинација од февруари следната година.
И идниот канцелар Олаф Шолц изјави дека поддржува задолжителна вакцинација, но смета дека таквата одлука треба да ја донесе парламентот и притоа да се остават пратениците да гласаат по сопствена волја, без да ја следат партиската линија.