1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трогателно државничко и лично збогување од Кол

Ж. Ацеска
1 јули 2017

На комеморацијата во Европскиот парламент државници и политичари се простија од „германскиот, но и европски патриот“, како што рече Јункер. Меркел побара да се продолжи делото на Кол: залагање за мир, слобода и единство

https://p.dw.com/p/2fkyW
Straßburg Trauerfeier Europa nimmt Abschied von Helmut Kohl
Фотографија: Reuters/A. Wiegmann

Новина беше и самиот протокол на простување во Европскиот парламент во Стразбур. Ковчегот на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, покриен со европско знаме, беше изложен во пленарната сала. Цела низа симболи укажуваа на придонесот на Кол во обединувањето на Германија и во обединувањето на Европа: ковчегот на Кол беше придружуван од почесен одред од германското Министерство за одбрана, а во ЕП почесна стража држеше одред на Еврокорпс, европските оружени сили.

German soldiers carry the coffin of late former German Chancellor Kohl during of a memorial ceremony at the European Parliament in Strasbourg
Фотографија: REUTERS

Според протоколот, првиот говорник секако беше домаќинот, претседателот на ЕП, Антонио Тајани, кој го нарече Кол „борец за слобода и демократија, кој секогаш го бранеше човечкото достоинство против ѕидови и бедеми, железни завеси и тоталитарни режими. Со тоа сигурно заслужи место во европскиот Пантеон“, изјави Тајани.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ги истакна врските на Кол со неговата татковина, Полска, и пријателството создадено во ерата на Кол. И на Туск му недостигаат политичари со таков интегритет како оној на Кол, изјави Туск, повикувајќи ги државните челници од Европа да кажат „да за Унијата, слободата и човековите права.“

Trauerfeierlichkeiten für Altkanzler Kohl
Жан-Клод ЈункерФотографија: picture alliance/dpa/S. Hoppe

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер имаше лично простување од „верниот пријател Хелмут Кол, германски, но и европски патриот“, кој покажа дека во тие два поима не мора да постои противречност. Јункер потсети на бројните заслуги на Кол во обединувањето на Европа и воведувањето на заедничката валута - еврото: „Нѐ напушта еден од гигантите на повоениот период.“

Рускиот премиер Димитри Медведев на комеморацијата настапи приватно, но предупреди на зголеменото оддалечување на Европа од неговата татковина, предупредувајќи дека за Кол, Русија беше дел од обединета Европа, „дел од заедничкиот дом, без бодликава жица“.

Простување од Хелмут Кол

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон лично ја изрази својата љубов кон германскиот екс-канцелар. „Тој сакаше да создаде свет во кој никој нема да доминира над никого, свет во кој соработката ќе биде подобра отколку судирите.“ Клинтон од Кол се прости со зборовите: „Во својот живот ти направи добри работи. Ние смеевме да бидеме присутни и затоа те сакаме.“

„Хелмут Кол ни пружи рака“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, истакнувајќи: „уште долго ќе учиме од него како заеднички да напредуваме“. Макрон сака со канцеларката Меркел на европскиот проект повторно да му даде смисол и длабочина.

Trauerfeierlichkeiten für Altkanzler Kohl
Ангела Меркел изрази лична благодарност кон КолФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Euler

„Драг канцеларе Кол, за тоа што сега стојам овде, и Вие имате одлучувачка улога. Благодарам за шансите кои ми ги отворивте“, беа емоционалните зборови на последната говорничка во Европскиот парламент, германската канцеларка Ангела Меркел, израсната во социјалистичка, Источна Германија. Таа истакна дека следните поколенија треба да го сочуваат наследството на Кол, а тоа е - ангажирано, неуморно залагање за мир, слобода и единство.