1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Стравот од рестрикции ја забрза вакцинацијата

ДТЗ
10 август 2021

Граѓаните поитаа да се вакцинираат, по најавите на надлежните дека во угостителски објекти и на настани ќе можат да одат само оние коишто имаат сертификат за вакцинација.

https://p.dw.com/p/3yn0y
Nordmazedonien | Coronavirus | Impfkampagne in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

По најавата за рестрикции, веќе два недела врие пред вакциналните пунктови во Северна Македонија. Граѓаните поитаа да се вакцинираат, по најавите на надлежните дека во угостителски објекти и на настани ќе можат да одат само оние коишто имаат сертификат за вакцинација. Се најавуваат и поригорозни мерки, доколку не се почитуваат новите препораки коишто ќе стапат во сила од 16 август, со цел да се спречи ширењето на делта сојот.  

Nordmazedonien | Coronavirus | Impfkampagne in Skopje
Гужви има пред скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“, каде што се прават и посебни списоци.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Од Министерството за здравство потврдуваат дека значително е зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Гужви има пред скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“, каде што се прават и посебни списоци за примање прва и втора доза.  Паралелно со вакцинацијата без закажување се одвива и ревакцинацијата на децата од 12 до 16 години со „Фајзер“. 

-повеќе на темата: Треба ли вакцинираните да имаат повеќе права од невакцинираните?

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани. 

Од 16 август се воведуваат нови рестриктивни мерки поради големиот број нови случаи на Ковид-19. На настани кои се организраат на затворено ќе може да влегуваат само вакцинирани лица, а рестораните и кафулињата ќе смеат да работат само на летните тераси. 

-повеќе на темата: Ацески: Казните повеќе ќе ги мотивираат невакцинираните од подароците

До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила. За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи. 

Nordmazedonien | Coronavirus | Impfkampagne in Skopje
Граѓаните поитаа да се вакцинираат по најавите на надлежните дека во угостителски обекти и на настани ќе можат да одат само оние коишто имаат сертификат за вакцинација.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип. Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.