Стоунвол беше пресврт за хомосексуалците
28 јуни 2019Кога во јули посетителите на двете најголеми паради во Германија, Кристофер стрит дејс (ЦСДс) ќе дефилираат низ улиците на Берлин и Келн, веејќи знамиња во бои на виножитото, качени на шарени камиони и облечени во ексцентрични костими, сето тоа ќе биде во знак на сеќавање на една летна ноќ во Њујорк од пред 50 години.
На 28 јуни 1969 година, рано наутро, полицијата упадна во мотелот Стоунвол на Кристофер стрит, во њујоршката населба Гринвич вилиџ. Барот воден од мафијата во тоа време беше главно собиралиште на хомосексуалци од разни раси, лезбејки и трансродови лица. Мора да се потенцира дека во тоа време хомосексуалноста сѐ уште се сметаше за психичко пореметување. Иако гостите таму беа научени на често рутинско малтретирање од властите, тогаш се случи нешто невообичаено: тие почнаа да се бранат.
Конфронтацијата прерасна во неколкудневни судири меѓу хомосексуалната заедница и полицијата и влезе во историјата како клучен момент за развој на модерното движење на хомосексуалци во САД. За само неколку месеци активистите од Њујорк низ цела земја почнаа да основаат организации за „хомосексуално ослободување“. За годишнината од побуната под името „Кристофер Стрит Ден на ослободување“ во Њујорк се одржа и првата геј-парада.
Повеќе: Големи разлики во правата на хомосексуалците во ЕУ
Нова радикална самодоверба од Финска до Јапонија
Хомосексуалците и пред оваа побуна се организираа во „хомофилни групи“ кои сакаа да постигнат нешто „како признавање на посебен хомосексуален животен стил во мнозинското општество“, објаснува Карина Клугбауер од Музејот на хомосексуалците во Берлин.
Но, по Стоунвол нивниот ангажман стана порадикален – „во смисла дека веќе не бараат признавање, туку гордо стојат зад тоа. Таканареченио 'каминг аут' (декларирање), кој сега е сосема нормално нешто во ЛГБТ заедницата, тогаш беше вистински пост-Стоунвол момент," објаснува Клугбауер, куратор на изложбата „Љубов на прва борба! Квир движења во Германија по Стоунвол."
Многу бргу борбата се прошири и надвор од САД. Во првите години по побуната во Кристофер стрит, се појавија политички хомосексуални групи и организации и во Велика Британија, Финска, Исланд и Германија, но и во Израел, Австралија и Јапонија. Настаните во Њујорк веројатно и не играа веќе клучна улога: „Сметам дека тоа пред сѐ беа паралелни движења, бидејќи во најмала рака германската историја покажува дека во 1969 година и на почетокот на седумдесеттите многумина не ни знаеја за ‘Стоунвол нередите’“, вели Клугбауер.
Овие движења се појавија во сличен политички контекст, но предизвикани од различни поводи. „Во случајот на Стоунвол е обид да се спротивстават и одбранат од полициското насилство. Во Германија поводот беше една кино проекција за да се основаат хомосексуални еманципаторски групи“, објаснува Клугбауер, мислејќи на западногерманскиот „Стоунвол-момент“: светската премиера на филмот „Не е хомосексуалецот преверзен, туку ситуација во која живее“ на Прауенхајм, која се случи на Берлинале во 1971 година.
Две години претходно беше либерализиран таканаречениот „геј член“ 175 од Кривичниот закон, според кој сексуални односи меѓу мажи се казниви. Филмот на Прауенхајм, кој го тематизира животот на хомосексуалците како субкултура и ја повика сцената отворено да се бори за своите права, предизвика сензација.
Повеќе: Што навистина мислат Германците за хомосексуалците?
Во закрила на студентските движења
По фимската премиера, лезбејките и хомосексуалците низ цела Германија основаа свои групи. Елмар Краушар бил вклучен во една од нив. „Функциониравме во закрила на стуентските движења“, се присетува овој новинар.
На почетокот беа апстрактни дебати за тоа како да го поставиме „нашето место како хомосексуалци во светската револуција“ – додека не се сфати дека е тоа спротивно на тајниот живот што го водиме. Потоа следеше самоосвестување, справување со судбината на хомосексуалците во времето на националсоцијализмот, основање на геј колективи, кафулиња, пабови, издавачки куќи и книжарници. „Пред сѐ беше важно да се зголеми видливоста и да се поттикне самодовербата и храброст за да се излезе отворено во јавноста“, вели Краушар.
Ова го потврдува и Кристина Перинколи. Режисерката родена во Берн, во раните седумедесетти беше многу активна во лезбејското движење во Берлин. „Ние кажувавме: различни сме, сакаме да се дискриминираме, не сакаме да нѐ сакаат, не сакаме брак и семејство ни е нешто одвратно. Тоа ни беа главните слогани“, вели денес оваа 72 годишна старица.
Недостиг на јавно демонстрирана самодоверба – само една од повеќето паралели со американското движење. Интензивна размена меѓу хомосексуалците во двете земји, според Карина Клугбауер, се случува дури на крајот на седумдесеттите години, кога во Германија се одржуваат првите ЦСД паради по примерот на Парадата на гордоста.
„Споредбата со Стоунвил започна кога за првпат беа видени масите луѓе на американските улици“, вели Елмар Краушар. „Тогаш одеднаш го открија овој датум. Но, не знаеше ништо повеќе од она што можеше да се прочита во германските весници: дека тоа е првпат хомосексуалци масовно да ѝ се спротивстават на полицијата и дека такво нешто се нема случено каде било во светот. Тоа, така да се каже, се користеше како симболична приказна."
„Сѐ што следеше потоа беа живи глупости"
Крушар и Перинколи се сведоци на сите најважни моменти на ова движење во Германија по Стоунвол: првите геј-демонстрации во Германија во 1972 година – и тоа во најконзервативниот Минстер. Укинување на членот 175 од Кривичниот закон во 1994 година. И воведување на хомосексуални бракови во 2017 година.
Но, за Перинколи почетоците на еманципацијата имаат најголемо значење – времето кога „мажите и жените излегоа од скриениот живот и се осмелија јавно да се претстават во своите села и градови." Навистина „е неверојатно важно дали човек може застане зад својот идентитет или да мора да се преправа дека е нешто друго. А од тоа се погодени милиони“, вели оваа феминистка. „Сето што следеше потоа беа живи глупости."
А денес? „Темите и борбата во рамките на сите овие движења се разновидни“, констатира Карина Клугбауер. „Сега има многу иницијативи кои, на пример, се однесуваат на расизмот во движењето. Засилен е транс-активизмот во споредба од пред 20 години." Покрај граѓански активизам, има и феминистички групи кои се обидуваат „да се отворат прашања за пошироки родови права и улоги."
Повеќе: „Ѕуница“ – ЛГБТИ фестивалот уште една година „во тајност“
Дискриминацијата продолжува – дури и во Европа
Има делови во светот во кој борбата е егзистенцијална – и покрај добрите вести за декриминализација на хомосексуалноста во Боцвана и признавање на истополови бракови во Тајван. Но хомосексуалноста во моментов е сѐ уште казниво дело во 70 земји, во најголем дел во Африка.
И во Европа има причина за загриженост. Невладината организација ИЛГА – Европа зборува за „зголемена небезбедна средина за дејствување на ЛГБТ организациите во сѐ поголем број земји." Има забележливо уназадување во делот на Законите и правилата за заштита на ЛГБТ лицата, особено во Србија, Унгарија и Турција. Загриженост предизвикаа и хомофобните напади во Велика Британија и Австрија. Во Германија веќе со години расте бројот на казни протв ЛГБТ активисти. „Ако слушаме точно што зборуваат политичарите и претставниците на црквата, ќе забележиме: под површината сѐ уште врие“, предупредува Краушар. Особено во однос на непријателската реторика од десните популисти кон ЛГБТ заедницата не можеме да се „преправаме дека ништо не се случува."
Дека многумина немаат ништо против, доказ се ЦСД парадите во Келн, Берлин и голем број други градови низ светот. На настаните кои се случуваат цел јуни низ Њујорк, а со кои се одбележува 50-годишнината од Стоунвол, се очекуваат над 3 милиони посетители.