Стоп за секс-фотографиите на Мозли кај Гугл
24 јануари 2014„Од аспект на судот, фотографиите на тужителот се тешка повреда на неговата интимна сфера“, изјави судијката-претседател, Симоне Кефер. Американскиот интернет-гигант мора да се погрижи секс-снимките на Мозли да не смеат да бидат ширени натаму преку пребарувачите на Гугл. Во спротивен случај, на Гугл му се заканува казна до 250 илјади евра. Спорните слики, според судот, се разбирливи и без јазични познавања или натамошни текстуални објаснувања. Во овој посебен случај е несфатливо тие да можат и натаму да се шират во кој било контекст, сметаат судиите, кои не се изјаснија околу тоа како Гугл може технички да ја спроведе пресудата.
Фотографиите од едно видео во 2008. година беа објавени од страна на британскиот таблоид „Њус оф ворлд“ и го прикажуваат Мозли на секс-забава со проститутки. Денес 73-годишникот од 1993 до 2009. година беше претседател на ФИА и со тоа еден од најмоќните луѓе во Формула 1.Од објавувањето на снимките тој со тужби против медиумите се обидува да го спречи нивното ширење, најчесто со успех. На во меѓувреме затворениот весник „Њус оф ворлд“ уште пред повеќе години му беше изречена пресуда за плаќање отштета. Адвокатката на Мозли, Тања Ајрон, пресудата ја нарече „камен темелник во заштитата на личните права на интернет“.
Гугл, напротив, најави обжалување на пресудата, која според концернот, е во спротивност со европското законодавство.