1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Среќен роденден, Франц Бекенбауер

Zana Aceska11 септември 2010

Се‘ што започна, заврши со успех. Франц Бекенбауер како играч освои се` што можеше да се освои, на клупски и на репрезентативен план. По официјалното збогување од фудбалските терени, дој денеска (09.11.) полни 65 години.

https://p.dw.com/p/P9ny
„Кајзерот“ е еден од најпопуларните ГерманциФотографија: AP

Тој беше клупски првак на Германија и освојувач на купот, победник во купот на европските прваци, европски шампион во 1972 и светски шампион во 1974 година со репрезентацијата на Германија. Кајзерот“ играше во клубовите Бајерн Минхен, со кој ги постигна најголемите успеси, потоа Космос од Њујорк и Хамбургер. По завршувањето на играчката кариера го пополни празното место како сојузен селектор на Германија.

„Излезете на терен и играјте фудбал“, им рече на германските репрезентативци пред финалето на СП во Италија во 1990 година, кога со 1:0 ја совладаа Аргентина. Светот го обиколи сликата кога Бекенбауер по натпреварот сосема сам стоеше на средината на теренот:

„Тоа за мене беше потресно. Сакав да го најдам својот мир“.

Можеби најпознатиот Германец во светот

По завршувањето на тренерската кариера, тој презема раководни функции во Бајерн Минхен, а потоа беше избран и за претседател на Организацискиот Комитет на СП во Германија во 2006 година, кое протече беспрекорно. Неговата култна позиција во Германија е неспорна, а многумина говорат дека тој е можеби и најпознатиот Германец во светот.

Бекенбауер неодамна се повлече од функцијата претседател на Бајерн Минхен, а клубот се одлучи за свечен проштален натпревар, кој не му беше организиран на крајот од играчката и од тренерската кариера.

Автор: Тобијас Елмајер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска