1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Среќен роденден, интернет!

Јерг Браунсман13 март 2009

Прва почна да го користи американската армија, потоа група научници, а денес целиот свет. Интернетот слави 20 години. Како се развиваше „World Wide Web“ ?

https://p.dw.com/p/HBDP

Интернетот го слави својот 20 роденден. Во март 1989 година започна техничкиот развој на „Worl Wide Web“(WWW). Овој систем се развива со молскавична брзина. Се проценува дека денеска се вмрежени околу 1,3 милјарди луѓе низ светот.

Зачетоците на интернетот се многу постари. Кон средината на 60-те години се изградени основите за денешниот интернет. Американската војска тогаш сакала да има вмрежени компјутери преку кои би се пренесувале податоци. Идејата било, дури и во случај на атомски напад да не се спречи протокот на информации. Така беше создаден „Арпанет“, мрежа којашто поврзуваше неколку компјутери.

Така почна да се развива интернетот. Потоа започнаа да го користат универизитети и научници. Многумина беа воодушевени како за првпат лесно може да комуницираат со луѓе од целиот свет. Иако во тоа време беше потребно да се знае на кој начин функционира системот, бидејќи пораки можеа да се испраќаат и примаат само со скриени команди. Во тоа време не можеше да се замисли комуницирање на интернет само со помош на „глувчето“.

20 Jahre World Wide Web Tim Berners-Lee W3C
Тим Бернерс-Ли, научникот кој го креираше интернетотФотографија: AP

Тим Бернерс-Ли, татко на денешниот интернет

Сето тоа се смени со научната работа на Тим Беренс-Ли. Тој во 1980 година работеше во истражувачкиот центар „ЦЕРН“ во Швајцарија. Она што му недостасуваше беше можноста своите трудови да и ги претстави на јавноста брзо и без компликации. Токму она што е денес возможно преку WWW. Од 1989 година овој научник го разви сето она што е потребно за изработка и креирање на интернет страница. Го програмираше и првиот веб-сервер на кој се снимаа документите за WWW. Го пронајде и првиот читач со чија помош се овозможува пристап до страниците на интернет. Овој научник беше тој кој ја пронајде и можноста за поврзување на документите - односно можноста за линкување.

20 Jahre World Wide Web Erster Server
Првиот веб-серверФотографија: CERN

Клуч на успехот

А денес? Интернетот во принцип функционира на ист начин како и пред 20 години. Големата разлика е само во тоа што денес има и мулитмедијални елементи: музика, слики, графики, филмови и игри. Тоа пред дваесет години беше незамисливо.

Тим Берненс-Ли не се збогати од овој пронајдок. Имено од 1993 година интернетот се користи слободно и бесплатно. На некој начин тој на корисниците им е даден како подарок. Можеби тоа и беше клучот за успехот. Да бараше Тим Берненс-Ли пари за користењето на неговиот изум, интернетот веројатно никогаш не би станал толку популарен.