1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на разделени корејски семејства

ЕМФ /агенции
20 август 2018

Солзи, прегратки, покажување фотографии - на Дијамантската планина во Северна Кореја во тек е средба на разделените корејски семејства.

https://p.dw.com/p/33Pnw
Familienzusammenführungen Nord- und Südkorea
Фотографија: Reuters/Yonhap

На средбата во еден хотел на Дијамантската планина се донесени 89 сениори од Јужна Кореја. Тие за првпат по шест децении се среќаваат со свои роднини од Јужна Кореја.

Времетраењето на средбата е определено на 11 часа. Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун на нивниот самит договорија продолжение на средбите на разделените семејства, кои инаку практично немаат никакви можности за контакт.

Солзи и прегратки

Корејскиот Полуостров е поделен од Корејската војна во 1953 година.