Спирала на насилство при депортациите од Германија
14 август 2019Постојат бројни причини поради кои депортациите од Германија мораа да бидат откажани. Тука се вбројуваат и барателите на азил на кои судовите им ги блокираа депортациите во матичната земја или во трета земја од која влегле во Германија. Но, има и инциденти кога барателите на азил се кријат во илегала за да ја избегнат полицијата, како и депортации кои беа откажани во последен момент бидејќи поединци се однесуваа насилнички во авионите. Во првата половина на 2019 година, пилотите од германските и од странските авиокомпании одбија да спроведат летови за депортација во кои имаше 335 лица.
Оваа бројка беше откриена од парламентарна истражна комисија на барање на германската партија Левица, до која дојде ДВ. Таа, исто така, покажува дека повеќето летови за депортација биле откажани на аеродромот во Франкфурт, со кои биле засегнати 131 лице. Најмногу депортации се откажани кога превозник била германската авиокомпанија „Луфтханза“ - со 87 лица - а по неа следат авиокомпаниите „Еуровингс“ и „Иберија“. Овие бројки покажуваат дека депортациите предизвикуваат зголемен степен на насилство.
Употребата на лисици десеткратно зголемена
Пратеничката на Левица во германскиот Бундестаг Ула Јелпке, сакала да дознае повеќе за депортациите од Германија и до владата испратила список со 26 детални прашања. Таа била многу вознемирена кога дознала дека употребата на лисици на раце и на нозе од страна на полицијата се зголемила за речиси десетпати, од 135 случаи во 2015 година на 1.231 во 2018 година.
Остриот пораст доаѓа и покрај фактот што бројот на депортации останал речиси константен во овој временски период. Во 2017 година се извршени 23.966 депортации. Една година подоцна - 23.617 депортации. Судејќи според 11.496 депортации извршени меѓу јануари и јуни годинава, бројката во 2019 година веројатно ќе биде релативно слична на претходните години.
Повеќе:
-Дали Германија ќе ги интензивира протерувањата?
-Баварски „експеримент“ во бегалската политика
-Повеќе протерувања, помалку популизам?
Министерството за внатрешни работи на Германија објасни дека доаѓа до зголемување на примена на физичка сила поради „порастот на луѓе кои насилно се спротивставуваат на депортациите“. Сепак, во изјавата од 6 август се вели дека владата нема „понатамошни веродостојни наоди“ за ова прашање.
„Црна кутија“
Кога ДВ побара коментар од Министерството за внатрешни работи , портпаролката Елеоноре Петерман рече дека зголемувањето на употреба на физичка сила може „лесно“ да се објасни. Бидејќи депортациите се вршат против волјата на луѓето, поединци можат да го покажат своето незадоволство со „евентуално користење физичко насилство“, објасни таа. За да се спроведат депортациите или да се заштитат лицата од опасност, можат да се користат лисици или други методи, иако додаде дека тоа било „последно средство“.
Во меѓувреме, германската организација за човекови права „Про Азил“ пријави зголемување на употреба на физичка сила за време на депортациите во име на депортираните и на властите. Иако Бернд Мезовиц, раководител на правната служба на „Про Азил“, вели дека имало повеќе поплаки за „прекумерна сила“ што ја користеле полицајци кои „ги собирале луѓето наменети за депортација или ги транспортираале до аеродромот“ отколку од аеродромската полиција. Месовиќ вели дека практиката на Германија да депортира лица е како „црна кутија“ - настрана оние кои се директно засегнати и евентуално роднините, нема независни сведоци за тоа што всушност се случува. Како резултат, постојат само вообичаени поплаки за депортациите да продолжат понатаму.